January 26, 2021 19:08
Хроника

Ја заменил македонската со германска возачка, па лажел дека ја изгубил за да му издадат нова

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Х.Д(39) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „давање лажен исказ”.

Пријавениот, со намера да ја прикрие вистинската причина за вадење на нова возачка дозвола, во текот на месец октомври 2019 до МВР поднел Барање за издавање на дупликат возачка дозвола, со писмена изјава во прилог на Барањето, во која лично дал лажен исказ дека возачката дозвола му е изгубена, иако бил свесен дека за време на неговиот престој во С.Р.Германија, неговата возачка дозвола издадена во Република Северна Македонија, по негово лично барање, била заменета за германска возачка дозвола.

Врз основа на таквото Барање, од страна на МВР – Сектор за управно-надзорни работи му била издадена нова дупликат возачка дозвола на име на пријавениот Х.Д., со што постои основано сомнение дека пријавениот го сторил кривичното дело „давање лажен исказ”, предвидено и казниво по чл.367 ст. 3 од Кривичниот законик.

That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Episode 24.9 – Digression: Hinata Sakaguchi (https://funimationfree.com/m/zgxn) Episode Full at Funimation funimation down

Watch Attack on Titan Final Season (Dub) Episode 1 at AnimePlanet dubbed anime planet