September 19, 2019 12:58
Македонија

Јаргиќ: Аеродорм ќе добие целосно реконструирана значајна собраќајница

Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов, и локалната власт предводена од градоначалникот Златко Марин, продолжуваат да реализираат низ проекти кои се од интерес на граѓаните, изјави Ивана Јаргиќ од ОО СДСМ Аеродром и претседавач на Советот на општина Аеродром.

Конечно, жителите на Аеродорм ќе добијат целосно реконструирана значајна собраќајница. Станува збор за улицата 23 Октомври поранешна Владимир Комаров во должина од 800 метри, на потегот од Транспортниот центар до крстосницата со булеварот Јане Сандански.

Градежните активности за реконструкцијата на оваа собраќајница се предвидени да завршат во текот на наредната недела. Тоа е многу важно бидејќи ова е една од пофреквентните улици во оваа општина.

Претходно во соработка со градската власт, во рекордно време заврши реконструкцијата на булеварот „Февруарски поход” во населбата Ново Лисиче.

Истовремено, општина Аеродорм за неполни 2 години целосно ги реконструираше улиците „Новопроектирана 8″ што ги поврзува Мичурин и Стар Аеродром, „Новопроектирана 3″ кај висококатниците, како и улиците „Тодор Чангов 20″ и „Ѓорги Капчев 9″ во Горно Лисиче, како и улица „4″ во Долно Лисиче.

Сето ова е потврда дека работиме одговорно, во интерес на сите граѓани.

Ги решаваме проблемите на граѓаните и работиме во нивен интерес.

Нови вести

Прекини во сообраќајот кај Пресека поради минирање

zane

Жителите на Лабуништа утре повторно на протест за затворање на каменоломите

Valentina

Мицкоски, дали Орце Камчев преку негови фирми ја финансирал кампања на ВМРО-ДПМНЕ

Valentina