Свет

Јапонскиот премиер побара од Фајзер дополнителни дози вакцини

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга побара од американската фармацевтска компанија „Фајзер” дополнителни дози вакцини против Ковид-19, објавија медиумите.

Суга ова го побара на виртуелна средба со извршниот директор на „Фајзер”, Алберт Бурла, на последниот ден од неговата тридневна посета на Вашингтон, каде се сретна со американскиот претседател Џо Бајден.

Јапонскиот премиер и американскиот претседател се согласија двете земји заеднички да работат за да му овозможат на регионот пристап до вакцините во пандемијата на коронавирусот.

Јапонија во понеделникот започна да вакцинира околу 36 милиони луѓе постари од 65 години, откако започна кампањата за вакцинација на здравствените работници на 17 февруари.

Досега, само 0,9 проценти од населението во Јапонија ја примило првата доза вакцина, наспроти 2,5 проценти во Јужна Кореја и 48 проценти во Велика Британија. 

GoGoAnime gogoanime mobile: Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita. (https://gogoanime.be/m/AR41) Episode 1

AnimeDao kissanime animedao: Watch The Promised Neverland Season 2 Episode 9