March 22, 2019 01:52
Свет

Јапонија одбележува осумгодишнина од нуклеарната катастрофа во Фукушима

Јапонија на осмата годишнина од трагедијата им оддаде почит на жртвите од земјотресот и цунамито што ја предизвикаа нуклеарната катастрофа во Фукушима.

Точно во моментот кога пред осум години земјотресот со магнитуда од 9 степени го погодил регионот, имаше едноминутно молчење на церемониите во чест на жртвите кои се одржа во Токио и во североисточниот дел на Јапонија за околу 18.500 луѓе кои загинаа во несреќата на 11 март 2011 година.

Премиерот, Шинзо Абе, присуствуваше на церемонијата во Националниот театар во главниот град, на која исто така беа и принцот Акишино, принцезата Кико, како и преживеаните во катастрофата, но и семејствата на жртвите.

Во нуклеарната електрана Фукушима дојде до дефект на три од шесте реактори, поради што регионот се загади со радиоактивен материјал. Стотици илјади луѓе мораа да ги напуштат своите домови поради страв од контаминација и нуклеарна експлозија.

Операторот на електраната изјави дека би можеле да минат децении додека се расклопат сите шест реактори.

Пред две години, властите ја повлекоа наредбата за евакуација на многу градови околу електраната, откако завршија работите за деконтаминација за кои критичарите велат дека не се ефикасни.

И покрај оваа мерка, десетици илјади луѓе, особено мајки, деца и млади луѓе уште не се вратени во своите родни места, поради слабата можност да се најде вработување и загриженоста од контаминација.

Нови вести

Најголема заплена на дрога во Филаделфија во последните две децении

Filip

Околу 50.000 Италијанци протестираа против мафијата

Filip

Трамп: Време е да се признае израелскиот суверенитет над Голан

Filip