June 25, 2022 23:32
Свет

Јапонија ги отвара границите, но само за „пробни” туристички тури

Јапонските власти денеска соопштија дека овој месец ќе започнат да спроведуваат „тест туризам” со ограничени пакет-аранжмани, како начин да добијат информации пред повторно целосно отворање на земјата за туристички посети.

Иако туризмот беше еден од главните столбови на јапонската економија, земјата од 2020 година е затворена за туристи уште од самиот почеток на епидемијата на коронавирусот.

Регулативите беа малку олабавени за да им се дозволи влез на студентите и на некои деловни патници, но индивидуалните туристички посети останаа забранети и покрај барањата на туристичките субјекти за рестарт на дејноста, во мигови кога јенот е на најниско ниво за последните 20 години.

Агенцијата за туризам денеска соопшти дека од крајот на месецов ќе почне да дозволува „пробен” влез за мали групни тури, да се види како тоа ќе се одрази врз епидемиолошката ситуација пред целосно отворање на земјата за туристи, што се уште како датум не се соопштува.

Првично земјата се отвара за тројно вакцинирани туристи од САД, Австралија, Тајланд и Сингапур и тоа само преку строго утврдени аранжмани и избрани тур-оператори.

diễn đàn go88 go88 đặt máy chủ ở đâu lấy lại mật khẩu go88

https://tai.sunwin.gg/