December 6, 2022 22:30
Свет

Јан Захрадил верува дека ЕУ поставува нереалистични климатски цели

Плановите на ЕУ за исфрлање на јаглеродот од употреба до 2050 година се нереални и треба да се напуштат, тврди кандидатот за претседател на Европската комисија, Јан Захрадил.

Јан Захрадил, претседател на Алијансата на конзервативците и реформистите во Европа (АЦРЕ), рече дека Европа треба да ги исполни постојните цели за штетни емисии пред да дава нови ветувања, за кои тој верува дека многу земји-членки нема да можат да ги исполнат.

„Јас би се држел до нашите сегашни обврски“, рече чешкиот европратеник.

„Морам да бидам многу отворен кога станува збор за тој повик од Комисијата и од Парламентот, барајќи економија без јаглерод до 2050 година“, рече тој. „Верувам дека е убаво да се каже, но прилично нереално е да се постигне тоа“.

Тој рече дека не е климатски скептик, но верува дека не сите причини за климатските промени се создадени од човекот.

„Не го негирам фактот дека СО2 и други гасови со ефект на стаклена градина предизвикуваат климатски промени“, рече тој. „Она што сакам да кажам е дека има и други помали проблеми, кои исто така имаат одредено влијание врз тоа“.

Захардил додаде дека и неговиот син зел учество во неодамнешните протести за климатските промени, опишувајќи ги демонстрациите како „легитимни“.