Македонија

Јанушев ги чека резултатите од тестот за коронавирусот

„Во очекување на исходот од резултатите по напреавеното тестирање ќе ги превземам сите мерки кои ќе ги препорачаат здравствените власти. Апелирам да не се потценува состојбата со вирусот, ниту да се релавитизира, и да се пристапи максимално сериозно“, напиша на фејсбук, Игор Јанушев генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ кој пред три дена беше на тв-дебата со Мухамед Зекири од СДСМ на ТВ 24. Зекири е позитивен на коронавирусот.

Состојбата со заразата е алармантна. Денешните настани укажуваат на тоа дека треба да се пристапи со огромна сериозност….

Posted by Igor Janushev on Недела, 31 мај 2020

-Засега сум во добра здравствена состојба и ги чекам резултатите од направеното тестирање, пишува Јанушев и му посака на Зекири брзо закрепнување и воедно истакна дека денешните настани говорат дека да се зборува за избори е неодговорно кон граѓаните.