April 20, 2021 04:31
Балкан

Јануарската потрошувачка корпа во Црна Гора чинеше 643 евра

Минималната потрошувачка корпа во Црна Гора чинеше 642,90 евра во јануари 2021 година, покажуваат денешните податоци на Управата за статистика – Монстат.

Од вкупната вредност на минималната потрошувачка корпа, трошоците за храна и безалкохолни пијалоци изнесуваат 274,80 евра, а расходите за непрехранбени производи и услуги 368,10 евра,

Јануарската минимална потрошувачка корпа беше поскапа за 0,2 проценти отколку во декември 2020 година.

Трошоците за храна и безалкохолни пијалоци во потрошувачката корпа, во споредба со декември 2020 година, се повисоки за 0,4 проценти, додека трошоците за непрехранбени производи и услуги се зголемени за 0,1 процент.