February 24, 2021 16:34
Македонија

Јанкулоска: Не знаев дека ќе се уништува опремата со која е извршено масовното прислушување

Поранешната министерка завнатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска на сведочењето во случајот „Таргет-Тврдина“, во кој е обвинета дека по барање на избеганиот началник на УБК, Горан Грујевски одобрила да се уништи опремата на управата за прислушување, рече дека не знаела дека ќе се уништува опремата, иако таа ја потпишала одлуката за формирање на комисија во УБК, пренесе СДК.мк.

-За тоа дознав кога СЈО го отвори случајот „Тврдина“, а од документацијата која ја потпишав не може да се утврди дека ќе се уништува опремата за следење на комуникации, рече Јанкулоска.

За време на исказот, поранешната министерка истакна дека никој не и посочил дека со барањето за УБК за комисија има проблеми и таа го потпишала.

„Проблемите ги дознав од сведок во оваа судница“, истакна таа и посочи дека УБК била високо самостојна организација во составот на МВР.

Јас како што гледате сум потпишана на тоа решение за уништување на опремата. Рутински било кај мене проследено на потпис, без забелешки, усогласено, и јас рутински сум го потпишала”, се брани Јанкулоска.

Извештајот за уништената опрема Јанкулоска го добила на 11 мај, кога физички не ни била во МВР, поради вооружената престрелка во Диво Насеље, кога загина група припадници на полицијата. На 12 мај 2015 година веќе си поднела оставка.

Re:Zero kara Hajimeru Isekai Seikatsu: Shin Henshuu-ban (https://crunchyrollfree.com/m/VEGz) Episode 13 at website https://crunchyrollfree.com. See more watch one piece online free crunchyroll

Kaguya-sama: Love is War Season 2 (Dub) Episode 12 at website https://animeplanet.cc hunter x hunter anime planet