June 18, 2019 21:01
Македонија

Јанкулоска бара разрешување на судијката Кацарска

Сопругот на ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, Влатко Илиевски, испратил претставка до Судскиот совет  за разрешување на судијката од Кривичниот суд во Скопје, Добрила Кацарска, дознава Макфакс.

Претставката е за наводни повреди предизвикани преку закажување чести судски рочишта во предметот „Тенк“, во услови кога Јанкулоска била во ризична бременост со породилно отсуство.

Повредите, според претставката, биле предизвикани преку закажување судења кога ексминистерката се наоѓала во ризична бременост со отворено породилно отсуство, како и преку одржување судски рочишта во услови кога Јанкулоска била во постпородилна состојба со двомесечно бебе.

Јанкулоска беше осудена на шест години затвор за набавката на луксузниот „мерцедес“, а скопска Апелација ѝ ја намали казната на 4 години. Таа на први јули треба да се јави на издржување на затворската казна.

Нови вести

ЛДП менува пратеничко за министерско место

Filip

Сопствениците на оранжерии на државно земјиште, добија можност да го купат земјиштето

Filip

Амбасадорот Филипов назначен за координатор на експертската група за трговски марки

Filip