November 29, 2022 06:25
Скопје

Јаневски по закaните и насилието врз него: Директорот на ЈСП да се извини и да си даде неотповиклива оставка, доколку нема доблест Арсовска да го разреши

Почитувани,
 
Згрозени сме од насилниот однос и примитивизмот на Александар Стојкоски,в.д. директор на ЈСП Скопје, кадар на Данела Арсовска, кој во недостаток на аргументи се заканува со физичка пресметка.
 
Агресивниот однос и насилието се недолични за директор, функционер, кој е платен со парите на скопјани за да работи во нивен интерес и од тука има обврска за отчетност пред советниците.
 
Насилието и примитивизмот немаат место во модерно Скопје, и тие треба да бидат санкционирани.
 
Бараме извинување од директорот на ЈСП Скопје, како и негова неотповиклива оставка. Доколку директорот  нема доблест да си поднесе оставка бараме градоначалничката Арсовска да го разреши директорот, кој е нејзин избор, а кадар на партијата СДС.
 
Лица како директорот на ЈСП Скопје, Стојкоски, кои работат за себе, наместо за скопјани и кои не сакаат да бидат отчетни пред советниците и пред граѓаните не треба да бидат носители на јавни функции платени со наши пари.