October 16, 2019 19:21
Македонија

Јанева сакала да се спогоди со ОЈО

Катица Јанева преку своите адвокати понудила спогодба во пресрет на подигнување на обвинението во истрагата Рекет, дознава Телма, но според изворите во истрагата, Обвинителството ја одбило.

Сепак, првите обвинители не потврдија дека нема да има спогодба.

-До овој момент конкретна спогодба со осомничените за случајот „Рекет” не е постигната, ниту е влезено во посериозни договори околу спогодбата иако, како што изјави денеска државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, некои од нив биле заинтересирани за тоа.

Вечерва, пак Вилма Русковска рече дека имало интерес кај некои од осомничените за спогодба, но не се поднесе званично барање и ќе се види допрва што ќе биде.

Таа утре ќе поднесе обвинение за истрагата за „Рекет“ и ќе побара продолжување на мерката притвор за Боки 13, Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец. Таа вели дека остануваат истите квалификации за осомничените. Русковска потврди дека кај некој од осомничените имало интерес за склучување спогодба, но не сакаше да обелодени за кого станува збор.

Нови вести

Мал напредок во делот на средновековната историја, Делчев останува нерешено прашање за мешовитата македонско-бугарска комисија

Filip

Петрич: Кога ЕУ подига граници, позитивна е идејата за мал Шенген на Србија, Северна Македонија и Албанија

Filip

Заев: Не станувајте нашата пречка, бидете нашите херои

Filip