September 22, 2019 10:20
Македонија

Јанева го спремала Камчев за заштитен сведок против Мијалков во „Империја“!?

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева наводно разработила неколку сценарија со кои сакала бизнисменот Орце Камчев да го спаси од затвор како осомничен во случајот „Империја“. Ова се заклучува од неодамнешната изјава на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој образложуваше зошто Јанева од сведок стана осомничена во случајот „Рекет“ пишува ФОКУС.

Останатите двајца осомничени Бојан Јовановски и Зоран Милевски -Кичеец се гонат поради сомнеж дека земале 1,5 милиони евра од Камчев за да го спасат од кривичен прогон за „Империја“, а според обвинителството тоа се правело со учество и амин и на шефицата на СЈО.

Според досега јавно објавените информации од истрагата планот бил следен. Набрзо откако СЈО ја отвори истрагата за случајот „Империја“, а осомничените беа ставен во притвор, да се сврти кормилото во обратна насока, па осомничениот Камчев за почеток да добие куќен притвор, а потоа да му биде вратен и пасошот. За спас од високите затворски казни од над 10 години кои му се закануваа пак имало две сценарија.

Првата идеја била осомничениот бизнисмен да се направи заштитен сведок и со наредба да се запре истражната постапка против него.

Ова сценарио веројатно произлегува од исказот на Јанева, кој го дала како сведок, со кој пред колешката Вилма Русковска се обидела да ги оправда своите постапки, бидејќи таа и во својата писмена изјава до јавноста напиша дека го врбувала Камчев за сведок. Меѓутоа тогаш споменуваше друга предистрага, а од изјавата на Јовески, се сфаќа дека првоосомничениот Камчев требало да стане заштитен сведок во „Империја“?!

-Обвинителката требало да ја олесни неговата положба во таа истражна постапка со тоа што тој ќе добие својство на заштитен сведок и ќе ја запре постапката, појасни неодамна Јовески.

Според правниците, ваквата идеја е правно невозможна, или неразумна, бидејќи не може првоосомничениот да го токмиш за заштитен сведок, бидејќи во овој случај и Камчев и Сашо Милајков се врвот на империјата. Тоа евентуално можело да се договори со некој од последноосомничените.

Доколку оваа идеја се реализирала, ќе значело дека Камчев одеднаш ќе исчезне од листата на осомичени, ќе сведочи против Мијалков, и тоа преку заматен монитор и мутиран глас, а потоа засекогаш ќе биде иселен од државата и можеби ќе доби нови идентитет во странство! А Мијалков демек ќе се чуди кој му забил нож во грб!?

Инаку, иако во минатото важеа за добри пријатели и бизнис соработници, се шпекулира дека веќе подолг период Камчев и Мијалков не комуницираат. Тоа можеше и да се забележи на едно од рочиштат за случајот „Тортура“, во кој Мијалков е обвинет, а Камчев се појави како сведок. Двајцата не се поздравија ниту комнуницираа додека чекаа во судскиот ходник.

Освен ова сценарио, имало и план Б.

Односно, другата, пореална варијанта, била да се склучи спогодба со која бизнисменот ќе ја признае вината, но не за делата за кои се гони, туку за многу полесни, со што ќе се спаси од затворска казна, а ќе треба да плати само материјална отштета. Но и ова сценарио не се реализирало, а истрагата за „Рекет“ треба да покаже зошто.

Јанева веќе еднаш даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска, но како сведок. Можно е наскоро да биде повикана уште еднаш, откако најпрвин ќе и бидат презентирани доказите поради кои нејзиниот статус се смени во осомничена.

Нови вести

ВМРО ДПМНЕ: Предвремени избори час поскоро

Igor

СДСМ: Решени сите проблеми на лозарите

Igor

Јанева и Јовановски на распит за случајот „Рекет”

Igor