October 28, 2020 07:07
Македонија

Јанакиевски од Шутка донесен во суд

Со полициски придружба утринаво обвинетиот Миле Јанакиески беше донесен од Шутка во Основниот суд Скопје 1, на судењето за одмаздничкото уривање на големиот објект Космос на Фијат Цаноски. На судењео се појавија и четворица адвокати на нарачателот на уривањето Никола Груевски. Обвинителот од СЈО побара судот да му одреди мерка притвор на Груевски за овој предмет именуван како ТНТ, бидејќи пратеникот е недостапен. Побара Груевски да биде притворен, веднаш штом ќе биде екстрадиран или најден. Веднаш предложи и да му се суди на Груевски во отсуство.