September 22, 2019 20:23
Македонија

Јалов обид на ВМРО-ДПМНЕ во Собрание да го испере Мицкоски

Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ негира дека го спречилте разрешувањето на Катица Јанева на денешната седница за што ги обвини координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

-Напротив, знаеме дека тоа беше укажување и од страна на Претседателот на Собранието, Талат Џафери, дека ова утро, на координацијата кај Претседателот, сите координатори на пратеничките групи, на четирите поголеми партии, е договорено, точката за разрешувањето на Катица Јанева да биде на посебна седница. На тоа се согласи и координаторот на ВМРО-ДПМНЕ. Јас, не гледам ништо друго, освен очаен обид од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, да ја дефокусира јавноста од сето она што се случуваше на вчерашната лидерска средба. Како што кажав и во изјавата, тоа е последен обид на Христијан Мицкоски да ги амнестира криминалите на неговиот вистински шеф, како и криминалите на дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Откако не му успеа тоа, ова е јалов обид за дефокус на јавноста, рече Костадинов.


Тој, сепак, не кажа дали м
оже јавно да гарантитра дека ќе се одржи таква седница пред 15ти септември.

Јас не сум претседател на собранието. Околу одржувањето на седниците и текот на седниците во рамки на Собранието на Република Северна Македонија, ве упатувам да се обратите кај Претседателот, Талат Џафери.

 

 

 

 

 

 

линк до видео:  https://youtu.be/TcVh30lGbbM

 

 

 

 

 

Со почит,

 

 

 

 

 

Нови вести

Јанева добивала 105.000 денари плата и уште толкав бонус?

Filip

Република Северна Македонија се подготвува за полноправно членство во НАТО: Зајакнати капацитетите на Работниот комитет за интеграција во НАТО за преземање на обврските од полноправното членство

Filip

Работните групи утре ги продолжуваат преговорите за законот за Jавно обвинителство

Filip