December 10, 2022 07:22
Македонија

Јакимовски: Мицкоски веројатно претерал со мешање во Градот Скопје

Претседателот на ГРОМ и градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски денеска информира дека не разговарал со градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, но дека сака деновиве да го направи тоа за да ги подготват програмите за наредната година.

-Јас го користев терминот „шпицен градоначалник“ затоа што се меша во работата на советите и општините. Веројатно претерал со неговото мешање и во Градот Скопје и веројатно тоа е причината зошто Арсовска го нарекува така. Арсовска немаше конфликт со советниците, туку го бараше Мицкоски, кој веројатно ја мати водата. Очекував да не се меша и да не опструира. Гледате сега што се случува со Мицкоски? Врти, врти, врти и се позиционира како опозиција на третина во Македонија. Од имање власт во Скопје, сега е опозиција и сега гледате ја прашува Арсовска каде ти се проектите? Па, нели тоа е смешно?, прашува Јакимовски.

Тој додаде дека Карпош е про-СДСМ општина.

-Мојот кам-бек дава квалитет повеќе на опозицијата, а Мицкоски се обиде за месец и пол сето тоа да го избрише и испогани. Истата ситуација е сега во Град Скопје, рече меѓу другото Јакимовски во емисијата „Аргумент плус“.