January 29, 2023 13:58
Македонија

Јавна дебата за младинската невработеност

Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), во рамки на европскиот Проект „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес”, денеска организира втора јавна дебата за подигнување на јавната свест за проблемот со младинска невработеност, сензибилизација на темата и поголема мобилизација на сите заинтересирани страни.

Дебатата се организира во соработка и со Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ).

-Целта е поттикнување на јавна дебата во рамки на која ќе се разговара и разгледа дали досегашните мерки за вработување на млади навистина даваат резултати на пазарот на трудот и дали обезбедуваат соодветна поддршка на младите луѓе, особено дали ги адресираат професиите на иднината, соопшти ИДУЕП.

Како што е најавено, воведни обраќања ќе имаат министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски, координаторот на Проектот: „Што сакаат младите? Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес” Бојан Кордалов и претседателот на Младинскиот сојуз Методија Стојчески.