August 18, 2019 21:40
Македонија

Ѓуровски: Пендаровски е гарант на демократијата и фактор на политичкиот дијалог

Унапредувањето на безбедносниот систем е условено од брзината на реформите во оваа област, што ќе овозможи развој на безбедносниот систем на Северна Македонија и поголема стабилност на земјата ова е пораката испратена од денешната академска дискусија „Предизвиците на Република Северна Македонија пред и по членството во НАТО”. На дискусијата беа промовирани учебникот „Вовед во безбедноста” од д-р Цане Мојановски, д-р Марјан Ѓуровски и д-р Гојко Павловиќ и монографијата „Индекс на безбедност 2″.

Еден од авторите во дискусијата д-р Марјан Ѓуровски напомена „Република Северна Македонија ја делат помалку од 6 месеци од полноправното членство во НАТО и тоа значи чест, привилегија и потврда на напорите нa сите досегашни Влади и генерации. Но, НАТО членството значи и обврска зошто домашната задача никој нема да друг ја заврши, туку ќе наметне одговорен пристап и поголема имплементација на приоритетите. Според Ѓуровски преку зачленувањето во Алијансата се потврдува територијалниот интегритет и суверинитет на земјата, но НАТО нема волшебно стапче за решавање на домашните безбедносни и политички проблеми. На НАТО, според Ѓуровски му е потребен кредибилен играч на зелената маса, зошто од резервната клупа сега ако сакаме да бидеме на терен и треба да се свртиме на домашните задачи: борба против корупцијата, реформите на судството и целосно реформирање на безбедносниот систем.

За поздравување е, вели Ѓуровски, најавата за промена на тимот во извршната власт, но покрај тоа е потребна промена на приоритетите во спроведување на политиките и креирање на нови јавни политики за потребите на граѓаните. Воедно професорот Ѓуровски ги истакна 8 столбови значајни во престојниот период меѓу кои како еден од најзачајните го истакна Претседателот на државата Пендаровски кој претставува гарант на демократијата и фактор на политичкиот дијалог и стабилноста на земјата. Затоа доследно е потребно почитување на уставните надлежности на шефот на државата во безбедносниот систем и зајакнување на позицијата на Советот за национална безбедност. Покрај тоа нужно е потребна консолидација на ресурсите, ажурирање на безбедносната политика, професионализација, департизација, подобра координација, демократска контрола на тајните служби, концептот на јавното приватно партнерство и донесување на закон интегрална безбедност.

Деканот на Факултетот за безбедност-Скопје, Никола Дујовски, рече дека земјава долг период се обидувала да стане членка на НАТО. „Република Македонија 27-28 години не успеа да стане членка на НАТО, иако Армијата и сите други безбедносни структури вложија натчовечки напори и јас сум сигурен дека се подеднакво подготвени и опремени како добар дел од армиите во НАТО, но не успеа. Република Северна Македонија ќе успее за помалку од една година. И тоа ја прави разликата начинот на користење на новото име на државата да биде поедноставен и полесен, и повеќе луѓе побрзо да прифатат дека таа нова држава, Северна Македонија, ќе успее наскоро да ги отвори и преговорите за членство во ЕУ, што ќе ни даде уште поголем поттик да работиме во областа на безбедноста“, рече Дујовски, според кој членството во НАТО е повеќе од добра инвестиција.

Претставникот на Фондацијата „Конрад Аденауер” Јоханес Раи, истакна дека НАТО е успешен проект стар 70 години и оти почнал како сојуз со 12 земји основачи: „По распаѓањето на Советскиот сојуз вкупно 13 дополнителни членки влегоа во НАТО од Централна и Источна Европа. Се надевам дека Северна Македонија наскоро ќе стане 30-та членка на Алијансата“. Според него, НАТО денес се соочува со бројни предизвици, како што се хибридните војни, кибер нападите, лажните вести што со огромна брзина се шират преку социјалните мрежи, и оти на овој план, како што рече, Алијансата мора значително да се подобри. Тој истакна дека НАТО не е само воен сојуз, туку и политичка организација, што значи треба тесно да соработува со владите и со невладиниот сектор, да превенира и да помага при катастрофи, да ја зајакне цивилната улога.

Во двете промовирани книги акцентот и заклучоците се ставени на тоа дека сегашната поставеност на безбедносниот систем на земјава треба да се доградува во насока сè повеќе и понагласено да дава одговор на кризите, заканите и загрозувањата и оти затоа се наметнува потребата од градење соодветни безбедносни политики преку нови стратегии, доктрини и концепции.

Нови вести

Стоилковски до Костадинов: Уценет човек жив ѓавол, зборуваш за сѐ друго само не за куферот пари

Igor

Костадинов му одговори на Стоилковски: Ниту ќе ме исплашите, уште помалку ќе ме спречите да ја говорам вистината

Igor

Гостивар доби монументална скулптура со името на градот

Igor