January 27, 2021 10:52
Спорт

Ѓуровски: Марадона беше фудбалски магионичар, уметник…

Бошко Ѓуровски е Македонецот кој ја имаше честа да игра против еден од најдобрите фудбалери на светот Диего Армандо Марадона кој вчера почина од срцев удар во својата 60 година од животот.  Поранешниот македонски селектор Ѓуровски како играч на Црвена звезда одигра четири натпревари против Марадона и можеше да се увери одблиски на теренот што се умее да стори со топката легендарниот Аргентинец, коми му одава почит речиси целиот фудбалски свет.

– Тој беше роден за фудбал.Магионичар, уметник..Дилемата е само дали беше најдобар од најголемите или најголем од најдобрите –вели Ѓуровски во утринската програма на ТВ Нова С, „Пробуди се“.

Потсетувајќи се на дуелите со Марадона, некогашниот капитен на „црвено-белите“ вели:

– Пред натпреварот на „Маракана“ во 1982 година, бев во карантин во собата со мојот кум Рајко Јањанин. И ние разговараме една вечер пред натпреварот, најдобриот играч на светот ни доаѓа, за да покаже дека тој е навистина најдобриот..Кога го постигна тој гол, публиката аплаудираше три или четири минути. Тоа беше неговата магија… Кога ќе излезете да се загреете и го видите, гледате дека тој е сродна душа со топката. Се обидував да го имитирам, жонглирање со рамото, лепејќи ја топката на челото – додаде Ѓуровски.

Клучот за успехот на Марадона, додава Ѓуровски, е фактот што ги доживеа најсветлите моменти во Наполи.

– Лесно е да се биде голем играч во голем клуб кога машинерија е зад вас, а она што тој го направи во Наполи..Затоа тој е најголемиот на сите времиња за мене. Тој беше различен, имаше аура околу себе, харизма што го правеше таков. Тој имаше моќ да ги зближи луѓето, тој беше лидер. Можете да го мразите, но мора да го почитувате. Доколку се каже дека Марадона ја смени историјата на фудбалот, тогаш тој се смени со кокаинот. Тоа е суштината на неговиот живот, а покрај сè, тој беше најхаризматичниот и најдобриот фудбалски уметник во историјата– рече Ѓуровски.

Watch Our Last Crusade or the Rise of a New World (Dub) Episode 6 (https://animeheaven.pro/m/XkNQ/ep-6) at website https://animeheaven.pro dr stone anime heaven

One Punch Man 2nd Season Episode 12 at website https://animeflix.nl spirited away animeflix