December 14, 2019 15:54
Балкан

Ѓуриќ: Албанските сепаратисти го официјализираа апратхејдот во Косово

Директорот на српската Камцеларија за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ оцени денеска дека „Европа со децении не била сведок на порасистичка и пошовинистичка политичка пракса каква денес се спроведува во самопрогласеното Косово”, бидејќи на Србите „брутално” им е одземено правото на глас. Тој вели дека со тоа „албанските сепаратисти го официјализирале апартхејдот”.

„На интерно раселените Срби не само што им е оневозможено да живеат на своите вековни огништа, туку им е скусено и правото на кој и да е начин да ја изразат својата политичка волја”, се вели во соопштението од Ѓуриќ, кое го пренесува Танјуг.

Тој вели дека српските гласови од централна Србија, без какво и да е логично објаснување се поништени „во оваа шовинистичка фарса, со што протерувањето на српскиот народ од Косово и Метохија и официјално политички е третирано како неотповикливо”.

Косовскиот Изборен панел за претставки и поплаки (ПЗАП) одлучи денеска да ја прифати жалбата на коалицијата Социјалдемократска иницијатива (Нисма) – Алијанса ново Косово (АКР) за бришење од конечниот резултат на парламентарните избори од 6 октомври на гласовите стасани од Србија и ѝ наложи на Централната изборна комисија (ЦИК) да изврши пребројување на гласовите во 1.472 гласачки места.

Лидерот на Нисма Фатмир Лимај на прес-конференција изјави дека по одлуката на ПЗАП коалицијата која тој ја предводи има освоено 5,12 отсто од гласовите и ќе има шест пратеници во новиот Парламент.

Лимај ја оцени одлуката на ПЗАП како храбра и законита, а ја обвини Централната изборна комисија (ЦИК) дека минатиот четврток, на 7 ноември, извршила изборен фалсификат, со тоа што објави нерегуларни конечни резултати, со кои коалицијата остана надвор од Собранието со освоени вкупно 4,98 отсто гласови. 

Нови вести

Касами од Курти побара новата косовска влада да биде „поактивна во однос на Албанците во Северна Македонија”

Valentina

Во Србија различни реакции по договорот за одложување на изборите во земјата

Valentina

Хазири: Денеска ќе се постигне големиот договор меѓу ЛДК и ВВ за промени во Косово

Valentina