April 21, 2021 01:42
Балкан

Ѓукановиќ: Црна Гора нема и не смее да дозволи дискриминацијата

Црна Гора нема и не смее да дозволи дискриминацијата, и покрај значителните законски чекори, да биде предмет на системско замолчување, идеолошка и политичка злоупотреба и без адекватен одговор, порача денеска црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ по повод Денот на нулта толеранција.

Тој нагласи дека Денот на нулта толеранција за дискриминација потсетува и предупредува на единство во заштитата од дискриминација и унапредување на правото на секој поединец да живее достоинствено, без оглед на какви било лични карактеристики или убедувања.

„За жал, во 2021 година, сведоци сме на зголемување на говорот на омраза, национална, етничка нетолеранција, навредлив третман и понижување на жените, усвојување дискриминаторски закони… Се деградираат највисоките вредности и богатството на црногорското општество – соживотот во различностите и меѓусебно почитување. Црна Гора нема и не смее да дозволи дискриминацијата, и покрај значителните чекори во законодавната област, да биде предмет на системско замолчување, идеолошка и политичка злоупотреба и без адекватен одговор”, напиша Ѓукановиќ на својот профил на Твитер.

AnimeHeaven animeheaven dragon ball z: The Quintessential Quintuplets 2 (https://animeheaven.pro/m/xpEv) Episode 12

KissAnime demon slayer kissanime: Watch How Not to Summon a Demon Lord Ω Episode 1 (https://kissanimeonline.com/m/317r/ep-1)