January 30, 2023 02:44
Македонија

Ѓорѓиевски: Транспарентно и отворено, заедно го креираме буџетот за 2023

Како човек од народот кој својот кредибилитет го црпи токму од него, секој наш следен чекор се прави со консултација на мојот народ.
Драго ми е што денес во огромен број жителите на Кисела Вода дојдоа да ги дадат своите идеи и предлози за новиот Буџет и со тоа да дадат директно учество и придонес во трансформацијата на нашата општина во урбано и модерно место за живеење.
Сакам на сите од срце да им се заблагодарам за интересот, за довербата и стиснатата рака за поддршка.
Тука сме заедно да ја креираме нашата иднина, светла иднина за нас и генерациите кои доаѓаат.
Остануваме транспарентни и отворени, бидејќи токму тој е начинот на нашата работа.
Ние заедно, за нашата Кисела Вода!