August 17, 2022 14:51
Скопје

Ѓорѓиевски: За опожарените во зградата во Бирарија парична помош и привремено сместување ако е потребно

Веднаш по информацијата за пожар во стан во населбата Бирарија, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски пристигна пред зградата каде што се случила несреќата. Од присутните соседи и од пожарникарите се информираше за повредените лица кои беа евакуирани и пренесени во болница. Се работи за жена кој во била во станот каде што избил пожарот и девојка од станот над неа која вдишала поголема количина на чад.

-Се надевам дека се работи за полесни повреди и дека двете жени брзо ќе се опорават, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски. Додаде дека ако жената во чиј стан настанал пожарот во моментов нема каде да се смести, ќе и биде обезбедено сместување. Воедно, од страна на Општина Кисела Вода ќе и биде доделена еднократна парична помош.

-За жал вакви немили настани се случуваат, но најважно е да нема човечки жртви и штетата да е што помала. А ние, како локална самоуправа сме тука да излеземе како поддршка во овие први моменти, кога е најтешко-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

tải sunwin

tải sunwin

tải sunwin

tải sunwin

sunwin.apk mới nhất sunwin web sunwin web