April 5, 2020 01:49
Македонија

Ѓорѓиевски: Заев е главата на октоподот, тој мора да падне, повик за марш во 18 часот пред ЈО

Интегрален текст од прес конференција на Орце Ѓорѓиевски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

„Зоран Заев три години владее криминално и деспотски во Република Македонија. Тој е главата на октоподот, кој штелува обвиненија, диктира пресуди и мести милионски тендери во исто време. Заев нарачува, Врховен извршува, а Катица Јанева е запознаена за се.

Сите чувме како без Заев не може да помине одлука на Врховен суд. Како без Заев, Катица ништо не правела, како без Заев судскиот систем не може да одлучува самостојно.

Аудио снимката пуштена во јавност е доказ дека во изминативе три години во Македонија нема поделба на власта на извршна, законодавна и судска. Имало еден човек кој бил се, тоа е Зоран Заев, главата на октоподот, шефот на мафијата во Република Македонија.

Ова не е европска иднина.

Ова е само еден од редицата случаи во кои Заев директно се вмешал. За други случаи како што вели и тој самиот судиите кои ги притискал веќе знаат како размислува и носеле одлуки по негов терк и без да прашаат. Ова е причината поради која угледниот магазин ЕКОНОМИСТ ја прогласи Република Македонија под Заев за хибриден режим.

Криминалот, корупцијата и рекетот мора да запрат. Македонија нема повеќе време за губење. Ве повикуваме сите граѓани на Република Македонија, кои не сакате криминалот да продолжи да царува да ни се приклучите на протестниот марш организиран од ВМРО-ДПМНЕ во 18 часот кој започнува од пред ЈО на платото на МОБ, до Врховниот суд на Република Македонија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Со почит,