Вестите коишто денеска пристигнаа од Ниш, каде што заседаваше Соборот на Српската православна црква за статусот на МПЦ-ОА, предизвикаа дилеми и загриженост во Скопје. По првичните реакции дека Соборот на СПЦ одлучи да го обнови канонското единство со МПЦ – ОА и да признае дека таа повеќе не е расколничка црква, аналитичарите се загрижени дека со ваквата одлука МПЦ наместо да оди чекор напред, се враќа наназад – па место да добие автокефалност, го враќа статусот на автономна црква во рамките на СПЦ, којшто го имаше во 1959 година, пишува Дојче веле.
„Тоа не е само еден, туку 100 чекори враќање наназад за македонската црква, која што во 1967 година прогласи автокефалност. Со ваквата одлука за автономија всушност ќе треба да се откажеме од одлуката на МПЦ за прогласување автокефалност“, вери верскиот аналитичар Бранко Ѓоргевски за ДВ.