June 21, 2021 18:15
Спорт

(Видео) Ѓоковиќ против Надал ќе игра финале во Рим

Најдобриот тенисер во светот, Србионот Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Мастерс турнирот во Рим, откако вечерва во полуфиналната средба го совлада Лоренцо Сонего со 6:3, 6:7 (5) и 6:2. Во финалето на турнирот во Рим, прворангираниот на АТП листата, Ѓоковиќ в недела ќе ја брани титулата на овој турнир против Шпанецот Рафаел Надал.

За Ѓоковиќ и Сонего ова беше втор меч во текот на денешниот ден, претходно триумфираа во своите четвртфинални мечеви кои од вчерашниот распоред поради дождот беа поместени за в сабота.

https://twitter.com/i/status/1393648816197406722

 

Во денешниот дуел Ѓоковиќ водеше со 1:0 во сетови и во вториот успеа да направи брејк при резултат 5:5. Следуваше гем во кој на свој сервис Ноле требаше да го заврши мечот во своја корист, но Италијанецот не се предаваше. При 40:30 и меч топка за Србинот, Сонего успеа да го продолжи гемот, да спаси уште една меч топка која ја имаше Ѓоковиќ. Следуваше уште една, па втора брејк шанса и Сонего во последен момент тоа го искористи.

Во тај-брејкот Сонего беше подобар со 7:5, а во решавачкиот трет сет искуството си го направи своето, Ѓоковиќ го освои со убедливи 6:2 за поставување на конечниот епилог.

 

KissAnime seven deadly sins kissanime: Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation (https://kissanimeonline.com/m/Ogg1) Episode 11

AniWatch animes online: Watch Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation (Dub) Episode 7 (https://aniwatch.pro/m/AaxY/ep-7)