August 12, 2022 01:45
Uncategorized

Ѓоковиќ против Кецмановиќ во првото коло на АO, ако не го депортираат денеска

Новак Ѓоковиќ ги дозна своите противници за овогодинешното Отворено првенство на Австралија, секако доколку настапи.

Српскиот рекет број еден, нормално е и носител број еден нд овој гренд слем, но воедно е и во исчекување на одлуката на министерот за имиграции, Алекс Хок кој според австралиските медиуми таа веќе е донесена и Новак треба да биде депортиран во периодот што предстои.

Сепак, тоа не му пречеше на организаторот да го објави ждребот каде што во првото коло ќе се сретне со својот сограѓанин Момир Кецмановиќ. Во второто коло тој ќе оди против еден од квалификантите и Американецот Томи Пул.

Во третото коло, најозбилен кандидат на Новак може да биде Лоренцо Сонего или пак Американецот Сем Квери. Додека во четврттото се истакнува Гаел Монфилс а тука се и Александар Бублик или Кристијан Гарин.

Во четвртфиналето најверојатно ќе се соочи со некој од Матео Беретини, Кристијан Нури, Пабло Карењо Буста или Карлос Алкараз.

Во полуфиналето, пак, противник ќе му биде некој од Александар Зверев, Рафаел Надал, Денис Шаповалов, Карен Хачанов.

Сепак, сето ова останува под знак прашање и во очекување на одлуката на министерот за имиграции, а според последните информации најавено е и обраќање на премиерот на Австралија, Скот Морисон во наредните часови.