August 5, 2021 04:00
Спорт

Ѓоковиќ: Овие 48 часа ќе ги паметам додека сум жив

Новак Ѓоковиќ уште еднаш потврди зошто е најдобар тенисер на денешницата, откако Србинот го демонстрираше својот неверојатен победнички карактер, враќајќи се од негатива од 0-2 во сетови за триумф над Циципас во големото финале на Ролан Гарос.

Пред помалку од два дена Новак го запре супериорниот Рафаел Надал, нанесувајќи му го само третиот пораз во кариерата на овој турнир, за денеска повторно да блесне и да стигне до својот 19. гранслем трофеј во кариерата.

-Ова се два незаборавни денови за мене, дефинитивно овие 48 часа ќе ги паметам додека сум жив. Сон е да се биде овде и по една ваква борба да го освојам еден од најзначајните трофеи во нашиот спорт. Многу добро знам низ што минува Стефанос Циципас, и јас имам губено гранслем-финалиња. Сепак, ова се моменти од кои најмногу се учи и верувам дека тој ќе излезе уште посилен по денешниот пораз и дека во иднина ќе освои многу трофеи на најголемите турнири“, изјави Ѓоковиќ.

Според тренерот на Србинот, Маријан Вајда, целта на Ѓоковиќ е да стане првиот тенисер уште од Род Лејвер кој во една година победил на сите четири грен слем турнири.

-Нема што да се крие, Новак сака да игра на Вимблдон и на УС Опен. Помеѓу овие две натпреварувања се Олимписките игри.  Ќе биде тешко, но целиот план на настапи и подготовки ќе бидат подредени на оваа цел. Прв на ред е Вимблдон и сега почнуваме да се подготвуваме за него. Одиме чекор по чекор. Горан Иванишевиќ и јас се договоривме доколку Новак успее да победи на сите четири грен слем турнири оваа година, да му дадеме отказ и тоа официјален, кажа низ насмевка Вајда.

GoGoAnime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Yuki Yuna is a Hero (Dub) (https://gogoanime.be/m/lN4P) Episode 12

AnimeFreak - Watch Anime Online for Free. Subbed & Dubbed. Watch Fairy King Episode Full

AnimeBee Watch anime online, English anime online HD. Touken Ranbu - Hanamaru Episode 12

KissAnime Producthunt: https://www.producthunt.com/@kissanimemx