November 26, 2020 04:31
Спорт

Ѓоковиќ нема да ја брани титулата во Париз

Првиот светски тениски рекет, Србинот Новак Ѓоковиќ, нема да игра на мастерсот во Париз. Тенисерот за „Спортски журнал“ потврдил дека годинава нема да ја брани титулата во главниот град на Франција.

Минатата година Ѓоковиќ, во финалето на овој турнир, го победи Денис Шаповалов. Ѓоковиќ нема да остане без 1.000 бодови бидејќи поради пандемијата со корнавирусот АТП ги замрзна бодовите кои тенисерите ги освоија минатата година.

За разлика од Ѓоковиќ, светскиот број 2, Рафаел Надал го потврди своето учество во Париз.