Спорт

„Ѓоковиќ му помогна“ на Медведев да направи неверојатен пресврт за полуфинале на Мелбурн

Русинот Данил Медведев (втор носител) се пласираше во полуфиналето на „Австралија опен“ по голема борба и голем пресврт над Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим од Канада со резултат 3:2 во сетови 6:7 (4), 3:6, 7:6 (2), 7:5 и 6:4.

Мечот во „Род Лејвер Арената“ во Мелбурн траеше нешто повеќе од четири и пол часа, Русинот за пласман во големото финале ќе игра против Стефанос Циципас кој претходно го елиминираше Јаник Синер.

Првиот сет беше решен во „тај брејк“ кој му припадна на Канаѓанецот со 7:4. Оже-Алијасим продолжи да игра одлично и во вториот сет, кој го доби со 6:3, со еден реализиран „брејк“.

Потоа, следуваше победничкиот пресврт на Медведев, третиот сет донесе нова голема драма, а рускиот тенисер го доби во „тај брејк“ со 7:2.

Во четвртиот сет при резултат 5:5, Оже-Алијасим имаше меч топка на сервис на Медведев, но Русинот ја одбрани, а потоа во следниот гем направи „брејк“ и го доби сетот со 7:5.

Медведев направи „брејк“ во третиот гем од петтиот сет, што му беше доволно да го добие сетот со 6:4 и да продолжи во следната фаза од натпреварувањето.

По мечот Медведев рече дека кога Канаѓанецот имал меч топка се прашал себе си„ што би направил сега Новак“?

-Јас не играв најдобро, а Феликс играше неверојатно. Тој беше насекаде над мене и не знаев што да правам. Па си помислив – а на некои ова нема да им се допадне – што би направил Новак?Само се борев до последниот бод и успевам да го подигнам нивото за следниот гем. Играв подобро кога покривот беше затворен. Раката ми се лизгаше кога покривот беше отворен па затворањето на покривот помогна мојата рака да биде помалку испотена, рече Русинот што предизвика свирежи од публиката… .

Тој во полуфиналето ќе се соочисо Циципас, со кого играше во полуфиналето минатата година, губејќи во три сета.

-Тоа е полуфинале на грен слем, па дури и ако сум уморен, ќе дадам сè. Минатата година успеав да играм прилично добро. Да се надеваме дека ќе имаме добар натпревар, реч Медведев.

Полуфинале, Австралија опен 2022
(Мажи), двојки –

Надал – Беретини
Медведев – Циципас

Полуфинале, Австралија опен 2022
(Жени), двојки –

Барти – Кијз
Швјонтек – Колинс

https://animeflix1.com/. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

watch anime online The Daily Life of the Immortal King [Chinese Dub]

sites to watch anime BANANA FISH

The Daily Life of the Immortal King [Chinese Dub]

watch subbed anime My Dress-Up Darling

ANIMEFLIX The Rising of the Shield Hero (Dub)