Спорт

Ѓоковиќ меѓу учесниците на АТП купот во Сиднеј

Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ се наоѓа на списокот репрезентативци за настап на претстојниот АТП куп во Сиднеј, закажан од 1. до 9 јануари, објавија денеска австралиските организатори.

Освојувачот на 20 гренд-слем титули претходно го доведе во прашање својот настап на првиот календарски Гренд слем турнир Австралија опен, одбивајќи да одговори дали е вакциниран против коронавирус, што е услов за влез во австралиската сојузна држава Викторија.

АТП купот не наметна обврска за задолжително вакцинирање, но секој патник за влез во Австралија мора да покаже потврда за вакцинирање или да мине 14 денови во карантин. Невакцинираните тенисери во тој случај мораат да пристигнат во Сиднеј најдоцна до 16 декември.

Од 20-те најдобро рангирани светски тенисери на АТП купот во Сиднеј ќе недостигаат само двајца – Шпанецот Рафаел Надал и Швајцарецот Роџер Федерер.

Титулата ја брани Русија, која во Сиднеј ќе допатува во истиот состав, кој во неделата го освои Дејвис купот со триумфот во финалето над Хрватска.

anime online. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

anime to watch AniWatch Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation

Rascal Does Not Dream of Bunny Girl Senpai

Attack on Titan (Dub) Episode 17

anime website AniWatch Tokyo Revengers (Dub)

watch animes My Hero Academia Season 5

tải go88