October 20, 2020 16:55
Спорт

Ѓоковиќ избори полуфиналето на Мастерсот во Рим

Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфиналето на турнирот во италијанската престолнина.

Во четвртфиналето, попладнево Србинот го надигра Германецот Доминик Кепфер со 2-1, по сетови 6:3, 4:6 и 6:3.

Противник на Ѓоковиќ во полуфиналето ќе биде Каспер Руд од Норвешка.

Наградниот фонд на Мастерсот во Рим изнесува 3,4 милиони евра.