July 26, 2021 02:24
Спорт

Ѓоковиќ: Го одиграв најдобриот натпревар на Ролан Гарос во кариерата

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со многу емоции им се обрати синоќа на новинарите во Париз по триумфот над Рафаел Надал и пласманот во финалето на Ролан Гарос.

-Оваа победа е една од најдрагите и најголемите во мојата кариера. Дефинитивно тоа беше еден од моите трите највозбудливи натпревари, и најдобар што го имам одиграно на Ролан Гарос, имајќи ги предвид квалитетот на тенисот и поддршката која доаѓаше од трибините и за мене, и за него. Ова е еден од мечевите кои ќе ги памтам. Можам да ги вметнам во Топ 3. Сите знаеме колку е тешко да се победи Рафа на Ролан Гарос. Иако немав добар старт, верував дека можам да победам и кога губев со 0:5 во првиот сет, изјави српскиот тенисер, кој додаде дека допрва ќе размислува и ќе крeиra тактика за финалето против Стефанос Циципас.

Ѓоковиќ синоќа по голема борба и четиричасовен врвен тенис го совлада Надал со 3-1 во сетови (3:6, 6:3, 7:6, 6:2) и обезбеди пласман во финалето на Ролан Гарос во кое в недела за противник ќе го има Гркот Стефанос Циципас.

– За него тоа ќе биде посебно искуство, бидејќи никогаш порано немал можност да игра грен-слем финале. Без дилеми, ме чека голема борба, порача Ѓоковиќ спроти утрешниот завршен натпревар на турнирот во Париз.

WCOStream Watch english anime Online in HD for FREE. Scumbag System (https://wcostream.cc/m/LxbD) Episode 10

AnimeDao Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Egao (https://animedao.nl/m/25EP) Episode Full

AnimeBee Watch anime online, English anime online HD. Master of Martial Hearts (Dub) Episode 5

KissAnime Myminifactory: https://www.myminifactory.com/users/kissanimemx