January 24, 2022 21:29
Балкан

Ѓилас: Нема веќе услови за избори во Србија, доколку се решиме за бојкот ќе биде поинаков

Претседателот на српската опозициска Партијата за слобода и правда (СПП), Драган Ѓилас, изјави денес дека ништо повеќе не може да се смени во однос на изборните услови и дека доколку „најголемите” опозициски партии решат да ги бојкотираат изборите, бојкотот ќе биде поинаков од минатата година, (од парламетарнитре избори 2020).

-Свесни сме дека овде нема шанси да бидат фер и чесни избори додека не се смени власта. Наскоро ќе видиме како ќе ја смениме власта, изјави Ѓилас на прес-конференција.

Тој повтори дека заедничка одлука за излегување на изборите ќе биде донесена „наскоро” и соопштена до граѓаните.

На прашањето дали останува на ставот дека нема да предложи кандидат за привремено надзорно тело за контрола на медиумите, Ѓилас кажа дека тоа е измама која „заеднички е инсталирана” од Српската напредна партија (СНС), Социјалистичката партија на Србија (СПС) и „господата” од Европа.

-Срам да им е на (пратеничката во Европскиот парламент) Тања Фајон и на (европратеникот Кнут) Флекенштајн. За нас што 30 години бевме за Европа, дојдовте, договоривте документ со (српскиот претседател Александар) Вучиќ и (претседателот на Народното собрание Ивица) Дачиќ и кажавте дека е тоа е тоа. Се откажавте од сите европски вредности. Самите ние ќе го завршиме ова, истакна Ѓилас.

Претходно денеска претседателот на српското Собрание, Ивица Дачиќ, изрази убеденост дека сите партии ќе излезат на избори, додавајќи дека без разлика на тоа дали некој припаѓа на владејачката структура или на опозицијата, не постои дилема кога станува збор за излегување на избори.

Дачиќ на ТВ Прва кажа дека очекува на изборите да излезат дури и партиите кои ги критикуваат европратениците дека не ги исполнуваат нивните, како што кажа, неосновани барања, како што се министерството за избори и летечки уреднички тимови на јавните сервиси.

GogoAnime | Watch Anime Online - Gogo Anime Real. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

DON'T TOY WITH ME, MISS NAGATORO Episode 12

Attack on Titan Season 3 (Dub) Episode 4

GoGoAnime Komi Can’t Communicate

Redo of Healer Episode 8

Yosuga no Sora: In Solitude Where We are Least Alone