June 25, 2022 11:01
Скопје

Шутка оставенa без јавен превоз, приватните превозници не добиле пари од град Скопје

Приватните автобуски превозници во Скопје за три месеци немаат добиено пари од Град Скопје за превозот кој го вршат и линиите кои ги одржуваат. Поради тоа веќе неколку дена одредени превозници не возат, па на дел од линиите нема автобуси и граѓаните се оставени без јавен превоз- објави СДК.

Со воведување на единствениот систем на наплата уште во времето на ексградоначлникот Коце Трајановски и во автобусите на ЈСП „Скопје“ и во приватните важат истите билети и истата цена. Градот преку ЈСП „Скопје“ за возврат им исплаќа на приватните превозници по 1 евро за секој изминат километар, Но, сега како што велат од  „Макекспрес“ и „Слобода превоз“не им се исплатени пари за февруари, март и април, а веќе сме средина на мај.  Исто така намален им е и авансот кој за секој месец им се исплаќа за да можат да работат.

Поради ваквата состојба одредени автобуси не возат, а во одредени делови од Скопје воопшто нема автобус по цел ден. Таков е примерот со населбата Шуто Оризари каде во 90 отсто линиите „19“ и „20“ ги опслужуваат приватните превозници. Овие линии веќе два дена не возат па жителите се отсечени од центарот и другите општини во градот. Граѓаните од Шутка што ја контактираа нашата редакција велат дека за да стасаат на работа мора да користат такси.

Милорад Димитриевски еден од сопствениците на „Макеспрес“ вели дека автобусите не возат оти немаат пари да стават нафта.