November 29, 2020 05:28
Хроника

Шумска полиција нападната од дрвокрадци во Кочани

Вработени во шумска полиција во Кочани вчера околу 16,30 часот додека извршувале службени дејствија заедно со полициски службеници од полициската станица Кочани биле физички нападнати од група дрвокрадци при одземање на патничко моторно возило  „лада нива“ без регистарски ознаки натоварена со огревни дрва без соодветна документација. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот и приведување на напаѓачите, соопшти полицијата.