Култура

Шумански: Опожарувањето на Нотр Дам го свртува вниманието на одржување на спомениците

Потребно е да се случат такви несреќи како опжарувањето на Богородичната црква во Париз за да посветиме потребно внимание на одржување на спомениците на културата, вели  Лазар Шумански претседател на Националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети – ИКОМОС.

-За жал многу повеќе даваме приоритет кога ќе се случи несреќа, но не разислуваме доволно пред да се случи несреќата што треба да направиме. Поважно е да вложуваме во редовно одржување на спомениците на културата, редовно да вршиме увиди во нивната состојба и со тоа нема да ни бидат потребни пари за конзервација бидејќи одржувањето, односно увидите се конзеравација ин континуум, а тоа не чини многу пари. Верувам дека пожарот во Париз ќе ги поттикне на ваков начин на однесување, вели Шумански на денешната прес-конференција по повод одбележувањето на 18 Април – Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите.

Според него, би било потребно наместо собраните милијарда долари за обнова по несреќата на Нотрд Дам, да биле дадени 100 милиони долари пред таа да се случи.

-Превентивата, одржувањето на спомениците е најголема доблест, но за жал немаме разбирање. Ако ги одржуваме редовно нема да ни бидат потребни пари за конзервација, вели Шумански кој додава дена денес намалена е физичката заштита на споменици, а повеќе време се троши на адмистративни работи, како фисибилити студии и правилници.

Тој посочува дека клучно е Владата да направи приоритети, односно да се изготви национална стратегија за заштита на спомениците на културата со приоритетна листа на спомениците за да не се пристапува субјективно, која е вели, клучна за донесување измени на Законот за култура и на Законот за заштита на културното наследство кои се почнати но не се завршени.

-Ако немате стартегија како треба да изгледа заштитата на културното наследтво како ќе правите измени на досегашниот Закон за заштита на културното наследство. Како здружение ќе инсистираме да бидеме партнери на оние кои донесуваат одлуки и да ги потсетиме дека ургентна работа е националната стратегија за заштита на културното наследство, вели Шумански

Од културните споменици во земјата ја издвојува црквата во Курбиново која е влезена на листата на светско културно наследство на УНЕСКО, за која вели и по десетина години се уште не е завршена нејзината реставрација и конзервација.

Запрашан во однос на Аквадуктот во Скопје, единствен споменик од таков на Балканот, за кој што надлежен е Конзерваторскиот центар на Град Скопје оценува дека треба под итно да се работи на негова конзервација.

За преимнување на спомениците на кулуррат согласно Преспанскиот догоро, Шумански нагласува дека не може да коментира без да види конкетни одлуки, но оти споменикот Воинот на коњ вели не е споменик на културата, како и дека станува збор за личност која му припаѓа на светската цивилизација.

Имаат забелешка и на начинот на распределба на средставта од Конкурсот на Министерството за култура дека иако им одобриле неколку од поднесените проекти, не ги добиле потребните средства за нивна реализација. Ккао проблем се посочува и недостигот на кадри бидејќи нагласува, во државата нема систем за едукација за конзервација.

Националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети ICOMOS во Македонија годинава ќе го чествува јубилејот 25 години од својата дејност, а ќе го прослави на крајот од годината со собир со учество на високи претставници на претседателот на светскиот ИКОМОС.

Нови вести

„Скопје лајт арт дистрикт“ од 29 мај до 1 јуни

Igor

Басара и Попов ги примија наградите „Прозарт“

Igor

Венко Андоновски на Саемот на книгата во Санкт Петербург

Igor