December 17, 2018 06:29
Македонија

Штрајк на таксистите, незадоволни од новата локација за такси-станица кај Бит Пазар

Штрајк на таксистите, незадоволни од новата локација за такси-станица кај Бит Пазар

Десетици таксисти денеска ја блокираа крстосницата кај судовите во Скопје со барање да им се дозволи повторно да ја користат старата локација, освен новата спроти поликлиниката Бит Пазар.

„Нема работа таму, нема движење на луѓе, сите излези водат до старото место пред Зегин. Нашето барање е да можеме да се паркираме до три возила каде што бевме порано, тоа да ни го овозможи град Скопје, а новата станица да ја користиме за чекање на ред.“

“Ова се казни зашто сме паркирале на старото место бидејќи нема можност да услужиме муштерии на новата локација. Кај новата станица не доаѓа никој, подалеку е и местото е скриено“, велат таксистите.

Но, од Град Скопје ги отфрлат ваквите барањата. Ги повикуваат таксистите да ја почитуваат одлуката и да не предизвикаат сообраќаен хаос.

Град Скопје:
„Местото каде таксистите се паркираа досега е незаконско… Секој чекор што се презема во однос на акциите на Бит-пазар се врши во консултација со луѓе кои живеат, работат или го користат тој простор. Промени или попуштање во оваа насока од страна на Градот Скопје нема да има.“

Сепак, таксистите предупредуваат дека ќе продолжат да протестираат сè додека не се исполнат нивните барања.

Related posts

Бигорски доби на дар уметнички слики од ќелијното училиште и владиката Козма Пречистански

Ivona

Ново рочиште за „Траекторија“

24news

Иванов изрази сочувство по повод смртта на Горан Стефановски

Ivona