August 19, 2022 13:04
Економија Македонија

Штрајкот на ССМ во регионите погодени од невремето ставен во мирување

На итна седница на Штрајкувачкиот одбор – Претседстелството на ССМ одржана по електронски пат донесена е едногласна одлука за ставање во мирување на генералниот штрајк во регионите на општините Делчево, Виница и Демир Капија, кои попладнево беа погодени од невреме, заради потребата од ставање на сите расположливи капацитети за справување со последиците од елементраната непогода.

Штрајкот ќе биде во мирување до завршување на потребата за ангажирање на дополнителни капацитети за справување со последиците од невремето во погодените региони.

– По информации добиени од штрајкувачите од погодените региони од невремето, како и заради ограничувањата предвидени со правилата за генералниот штрајк неопходно беше да се донесе Одлуката врз основа на која 100 отсто од вработените во јавниот сектор во погодените региони, а кои штрајкуваат ќе бидат ставени во функција за расчистување на последиците од невремето. Нашите колеги браќа и сестри синдикалци се веќе на терен и истите помагаат на најпогодените, информира за МИА од ССМ.