February 17, 2019 11:16
Живот

Што се прави нашето тело за 30 секунди?

Што се прави нашето тело за 30 секунди?

На интернет се појави снимка во кое за 30 секунди се покажува дел од функционирањето на нашето тело во тој периот. Човечкото тело е чудо!
Тоа е најсовршениот организам во природата. Се состои од 11 системски органи, во кои секој од нив има посебна улога и функција и без кои не би можело нормално да функцционира. Сепак, човекот и понатаму е голема мистерија, зошто и покрај тоа што секој орган има своја непроценлива улога, тој може да преживее ако му се отстрани желудникот, слезината, дури и 75% од црниот дроб, 80% од цревата, еден бубрег и еден бел дроб.
Во обид да не потсетат дека нашето тело е фасцинантна и сложена машина за чие работење малку знаеме, екипата на американскиот сајт „Buzzfeed“ поставија видео на интернет со кое во 30 секунди се покажува дел од функционирањето на човечкото тело.
Ретко во текот на денот обрнуваме внимание на тоа како нашиот организам функционира.
Сајтот „Buzzfeed“ ни презентира дека во половина минута вдишуваме, во просек, осум пати, произведуваме 0,3 грама јаглерод диоксид и 72 милиони црвени крвни зрнца, трепнуваме 6 пати, ни прелетуваат 25 мисли и произведуваме 100 вати енергија.

 

Related posts

Светот во шок: ТВ-ѕвезда силувана од двајца мажи

24news

Вознемирувачко видео: Новa дрога која чини помалку од еден сендвич почна да се шири во Европа

24news

Зошто е опасно да користите исто пластично шише за вода повеќе пати?

24info