August 5, 2021 04:12
Балкан

Што се е потребно да исполните за непречено да влезет во Грција

Во очекување да бидат кренати граничните рампи меѓу Македонија и Грција на преминот Евзони, што јужниот сосед најави дека ќе се случи денеска. Според граѓаните  кои се појавиле утрово на овој граничен премин не им било дозволено да го продолжата патувањето. Причина за тоа е што пред тргнување не го пополниле формуларот, кој може да се симне од  https://travel.gov.gr

Летната сезона во Грција е објавено дека почнува од утре ( 15 мај). Министерството за туризам на Грција ги објави најновите информации за влез во земјата. Грција ги прифаќа сите вакцини. Неизвесно е само дали старосната граница за децата за кои тестот не е задолжителен ќе се зголеми од сегашните 5 на 10 години.

За влез во Грција посетителите треба да имаат:

-Пополнет формулар заPCR најмалку 24 часа пред да влезете во Грција

-Потврда за вакцинација со која било вакцина

или

-Негативен PCR тест, не постар од 72 часа

или

-Серолошки тест, т.е. потврда за антитела дека сте го порележале вирусот

или

-Дигитален зелен сертификат (GreenPass) од 1 јуни 2021 година.

-За деца постари од 5 години потребен е  негативен тест, додека деца помали од 5 години не мора.

Случајни брзи тестови се можни при влегување во Грција, кои ќе бидат бесплатни за туристите. Резултатите од овие тестови ќе бидат готови по околу 10 минути. Оние што ќе бидат тестирани се должни да бидат во изолација додека не се добијат резултатите од тестот. Ако резултатот од тестот е негативен, изолацијата престанува, а ако е позитивна, домашниот карантин се одредува 14 дена.

Како што беше најавено во април, граничниот премин Евзони ќе биде отворен за сите туристи на 14 мај. Работно време на преминот Евзони е од 7 до 19 часот.

PLF образец за  Грција – The Passenger Locator Form
Линк за пополнување на PLF формуларот ќе најдете на овој линк : https://travel.gov.gr
Секој возрасен турист пополнува посебен PLF образец
-PLF образецот се пополнува најмалку 24 часа пред да влезете во Грција.
Го пополнуваат сите што сакаат да ја посетат и престојуваат во Грција – без оглед на видот на превозот (автомобил, автобус, брод, авион) и државјанство.
Формуларот има неколку страници и не е тешко да се пополни. Подгответе ги пасошите и сообраќајната дозвола.
Внесете податоци како што се: транспортни средства на кои патувате, број на таблички, премин на кој ќе одите, место во кое патувате, последната земја во која сте престојувале, број на пасош, лични податоци (име, презиме, место, итн.) ..
Не мора да ја внесувате улицата и бројот на одморалиштето каде што ќе престојувате во полето за адреса, доволно е да го внесете само името на одморалиштето.
По пополнување на формуларот, ќе добиете QR код по е-пошта, што ќе го отпечатите или покажете од вашиот мобилен телефон при влез во Грција.

 

AnimeDao kissanime animedao: Bleach Episode 366

4Anime 4anime a silent voice: Boruto: Naruto Next Generations Episode 198