October 23, 2021 00:10
Магазин

Што прави Ѓоковиќ толку често во босанските пирамиди?

Најдобриот тенисер на денешницата во светски рамки, Новак Ѓоковиќ, по четврти пат ги посети пирамидите во Босна и Херцеговина. Оваа негова посета предизвика реакции и прашања во медиумите, зошто Ноле секогаш се враќа таму – дали поради смирувачката атмосфера или поради големото пријателство што тенисерот го има со босанскиот истражувач Семир Османагиќ.

„Новак навистина дојде, петок, сабота, недела, тој повеќе не гостува овде, тој е домаќин“, рече Османагиќ за „ТВ Прва“.

Тој додава дека Новак има навика да ги посетува праисториските тунели кои, како што вели Османагиќ, ги смируваат сите што влегуваат во нив, давајќи им на луѓето енергија.

„Ова се мерливи енергетски феномени, висока концентрација на негативни јони кои се корисни за нашето тело, вршат регенерација и овие негативни јони го чистат телото од сите бактерии и вируси“, истакна Османагиќ.

Тој посочува дека престојот во пирамидите, каде што нема сигнал за мобилни телефони, им нуди заштита на луѓето и помага во обнова на клетките. Вели дека медитацијата не е неопходна.

„Заборавете на потребата за медитација, само опуштете се, не треба да размислувате за ништо, треба да го посветите тоа време на себе“, рече тој.

На прашањето како се чувствува Новак кога доаѓа во Високо, Османагиќ тврди дека тенисерот е многу опуштен и дека заборава на целиот стрес што го има околу тенисот.

„Ова е посебно место во неговото срце. Новак е човек со неверојатна истрајност, физичка сила, талент и ментална сила, никој не може да направи поуспешна кариера од него, тој има одлични планови за иднината и размислува да направи центри кои ќе вклучуваат традиција со природата, здрава исхрана. Размислуваме за центар за природна медицина и нашата соработка ќе се оствари во иднина “, тврди Османагиќ.

Website https://animeheaven.pro: Watch Mobile Suit SD Gundam Mk III animeheaven Episode 6 watch anime dub

GoGoAnime: GATE 2nd Season anime episode 12 online free at https://gogoanime.be kissanime gogoanime

https://twistmoe.net gogoanime

Toji no Miko Recap Episode Full

Gogoanimebe peatix: https://gogoanimebe.peatix.com/

Bbpress: https://bbpress.org/forums/profile/animeflixnl/