August 15, 2022 20:51
Економија

Штип нема да даде позитивно мислење за поставување на фотоволатици кај Три Чешми

Триесет хектари земјиште на потегот од пригардската населба Три Чешми до месноста Калимерово атрактивни и за Општина Штип и за АД за аеродромски услуги „Аеродроми”. Општина Штип на оваа локација со години има идеја за изградба на нова Индустриска зона на барање на бизнис секторот, додека АД „Аеродроми” сака да постави фотоволтаици.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов е на став дека ова државно земјиште не треба да биде наменето за фотоволтаици, туку за изградба на фабрики кои ќе значат развој на градот Штип.

-Ние сме во постапка на покренување на иницијатива за планирање на индустриска зона на тој потег, но исто така има и други заинтересирани страни, државни институции коишто пред нас направиле еден исчекор во насока на планирање на тоа земјиште за други намени, конкретно за фотоволтаици. Сега сме во момент кога ниту тие, ниту ние можеме да испланираме точно таа локација која намена ќе ја има, вели  Јорданов.

Индустриската зона е на барање на бизнис секторот, бидејќи Штип нема големи парцели во старите зони за изградба на фабрики.  Ваквото барање бизнис секторот го има доставено и до претходната и до актуелната локална власт. Општина Штип  почнала со изработка на нов Детален урбанистички план, но АД „Аеродроми” веќе иницирале пренамена на земјиштето.

Спорот треба да го реши Агенцијата за просторно планирање. Од таму од нас се бара мислење за поставувањето на сончевите колектори, ние сме против, но сепак конечниот збор треба да го има Агенцијата, појаснуваат од службите на  Општина Штип.

Според Јорданов, оваа локација ја има потребната  инфраструктура да прерасне во индустриска зона, на која производствени капацитети ќе може да отворат домашни и странски компании и нема да станува збор само за текстилна индустрија

-Тренд е дека сѐ повеќе наши сограѓани кои инвестираат во одредена дејност го избегнуваат текстилниот сектор заради намалениот приход, заради еве да кажам глобалните промени кои се чувствуваат и кај нас. Промената на дејноста, односно преструктуирањето е присутно и кај нас. Сепак станува збор за лесна индустрија која би можела да егзистира таму и да биде привлечна за инвеститорите, не само од Штип, туку и од околните градови и од околните држави, вели Јорданов.

Инаку фтоволтаици за производство на струја од страна на приватни инвеститори се очекува да се постават во атарите на Чардаклија, Калимерово, Криви Дол, Сарчиево и Љуботен.

sunwin web tải sunwin apk sunwin.apk mới nhất

game sunwin

game bài sunwin

sunwin apk sunwin apk game sunwin

sunwin tài xỉu sunwin tài xỉu tải sunwin apk