August 12, 2020 15:01
Македонија

Штип зад Скопје по бројoт на активни случаи со коронавирус, регистрирани се 16 новозаразени

Во Штип денеска беа регистрирани 16 нови случаи на коронавирус, со што бројот на заразени во градот порасна на 431 лице.

Согласно податоците, Штип е вториот град со најмногу заразени од ковид-19 по Скопје каде во моментов има 1.426 активни случаи.

Зад нив се Гостивар и Куманово со 269 и 263 заразени. Потоа Тетово (225), Свети Николе (175) и Струга (195).

Во Охрид кој за време на продолжениот викенд има голема посетеност, во моментов 86 лица се водат како заразени со ковид-19.

Во текот на денешниот ден беа потврдени 138 новозаразени. Регистрирани се 144 оздравени пациенти и 7 починати.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10891, бројката на оздравени пациенти е 6698, на починати е 493, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3700. Од вчерашните 1 тест е контролен и се евидентира денес.