February 2, 2023 03:46
Економија

Штипски ,,Стипион” во добивка од над десет милиони денари

Штипското Јавно претпријатие „Стипион” бележи добивка и во третиот квартал од годината. Добивката е десет милиони денари од продажбата на објект, што се наоѓа кај автобуската станица.

Според директорот Игор Ефтимов и без оваа продажба, претпријатието во секој случај ќе бележеше добивка.

– Оној приницип кој беше воспоставен од страна на ЈП „Стипион”  продолжува, односно во третиот квартал од 2022 година повторно претпријатието е во добибивка некаде од 1.333.000 денари. Да потенцирам сите материјали повторно се покачени, струјата е покачена за трипати, има покачување на потрошувачаката на гориво и слично. Тоа се должи на зголемената активност на екипите на ЈП „Стипион”, а овде беше влезена и сумата од продажбата на имотот на претпријатието, вели Ефтимов.

Посочи дека за продажба на имотот на претпријатието е направена посебна Комисија и објектот е продаден на јавно наддавање. Уверува дека на простоторот кај автобуската станица нема да никне нов објкет или зграда, туку простотрот ќе биде наменет за паркирање.

– Одлуката која беше донесена од страна на Советот на Општина Штип каде се потврди одлуката за продажба на имотот на ЈП „Стипион” во целост е спроведена. Со посебна Комисија и на јавно наддавање беше продаден имото на ЈП „Стипион”. Сумата која беше добиена е 10 милиони денари за објектот кој се наоѓа во близина на Автобуската станица и таму нема да никне нов станбен објект или нова зграда, туку тој простор ќе биде наменет за паркирање, рече Ефтимов.

Во вториот квартал од 2022 година ЈП „Стипион” беше во добивка од 350 илјади денари, а полугодишниот извештај и покрај кризата во државата бележеше добивка од речиси осум милиони денари.