April 21, 2019 20:38
Свет

Штетата од поплавите во Иран изнесува околу 2,5 милијарди долари

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеј, денеска ја одобри употребата на специјални средства за да им овозможи на властите да ја покријат штетата предизвикана од поплавите што ја погодија земјата во текот на изминатите неколку недели, при што загинаа најмалку 76 лица.

Хамнеј ѝ дозволи на владата да користи средства од Националниот фонд за развој во случај редовниот буџет на земјата да не ги задоволи потребите, објави АП.

Од март, големи поплави ги погодија северните и западните делови на Иран, а штетата досега е проценета на речиси 2,5 милијарди американски долари.

Иранскиот претседател Хасан Рохани побара од Хамнеј „да ослободи” околу 2 милијарди долари од фондот за развој минатата недела.

Овој фонд е основан во 2000 година и се користи за вонредни ситуации.

Нови вести

Излезни анкети: Зеленски победи на претседателските избори во Украина

Filip

Соборениот претседател на Судан претрпе мозочен удар

Filip

Џенингс: Извештајот на Малер ја откри катастрофалната политика на Обама кон Русија

Igor