April 8, 2020 10:24
Свет

Шпански новинар се заразил со коронавирусот на натпревар од Лигата на шампионите

Шпанскиот новинар Кике Матеу се заразил од коронавирусот на натпреварот од Лигата на шампионите кој минатата недела се одигра во Милано помеѓу Аталанта и Валенсија.

Според шпанските медиумите, 44-годишниот Матеу бил позитивен на првиот тест во Мадрид.

Матеу е примен во Универзитетската клиничка болница во Валенсија со многу благи симптоми на заразата. Новинарот и се обрати на јавноста.

-Се чувстувам добро. Најдобрата вест е дека никого не сум заразил. Ви благодарам на сите кои што ми се јавивте, Валенсија како клуб зашто сите загрижени за мене. Докторите ми рекоа дека овој вирус не е смртоносен, но е многу заразен, истакна Матеу.