December 9, 2022 00:19
Спорт

Шпански двоец на врвот од АТП-листата

АТП ја објави најновата ранг листа, на која во Топ 10 има две промени. Листата е историска бидејќи за прв пат по 22 години, тенисери од иста земја ги држат првите две позиции.

Карлос Алкараз е светски број 1, зад него е Рафаел Надал. Пред 22 години на првите две позиции беа Американците Пит Сампрас и Андре Агаси.

Алкараз има 6.740 бодови, Надал е втор со 5.810, а Каспер Руд, кој падна за една позиција е трет со 5.645. Следни се Данил Медведев и Александар Зверев.

Во првите десет, се уште Стефанос Циципас, Новак Ѓоковиќ, Камерон Нори, Андреј Рубљев и Хурберт Хуркач, кои влегоа во Топ 10 откако Јаник Синер загуби две позиции.