August 14, 2022 21:08
Спорт

Шпанскиот репрезентативец Олмо ограбен на одмор во Валенсија

Шпанскиот фудбалски репрезентативец Дани Олмо, кој го носи дресот на бундеслигашот Лајпциг, бил ограбен за време на својот летен одмор во Валенсија.

Олмо бил ограбен сред бел ден на излегување од фризерски салон во шпанскиот град.

Локалните медиуми јавија дека на Олмо му бил украден скапоцен часовник.

Крадците потоа брзо се упатиле кон својот автомобил, а братот на Олмо се обидел да ги спречи да побегнат и притоа бил повреден.

Веста за грабежот ја потврди и клубот на Олмо, наведувајќи дека нивниот играч не е повреден во инцидентот.