December 3, 2022 09:43
Свет

Шпанскиот премиер Санчез по враќањето од Њујорк доби позитивен тест на коронавирусот

Шпанскиот премиер Педро Санчез два дена по враќањето од Њујорк каде заедно со шефовите на држави и влади на многу други земји учествуваше на 77. годишна сесија на Генералното собрание на Обединетите нации доби позитивен тест на коронавирусот, поради шпто ги  откажа сите негови активности.

– Утрово имав позитивен тест за Ковид-19, напиша шпанскиот премиер на Твитер.

Санчез најави дека нема да присуствува на настан во близината на Барселона организиран од каталонските социјалисти.

– Ќе продолжам да работам и ќе преземам екстремни мерки на претпазливост, додаде Санчез.

Тој не прецизираше како се чувствува и колку време нема да присуствува на состаноци.